Барселона сериозно е заинтересирана за 21-годишниот играч за врска од Бенфика.

Португалски Рекорд тврди дека станува збор за аргентинецот Енцо Фернандез, и наведува дека каталонскиот гигант во него го гледа наследникот на Серхио Бускетс.

“Без сомневање, Енцо Фернандез постана едно од откритијата на Лигата на шампиони. Аргентинскиот играч за врска предизвика одушевување заради начинот на кој ја води играта. Се укажува на тоа дека неговата цена ќе биде висока, бидејќи нема многу такви фудбалери”, додава шпански Спорт.