Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели денеска постигна еврогол во ремито на неговиот Аданаспор на гостувањето кај Гезтепе 1:1 во натпреварот од 19. коло на турската Суперлига.

Балотели во 16. минута испрати бомба во мрежата на домашниот голман и со тоа стигна до седмиот сезонски гол, само еден помалку отколку што постигна во сезоната 2018/2019 во Олимпик Марсеј.

Дека Турција е полн погодок за Балотели говори и податокот дека на само 18 натпревари за Адана постигна повеќе голови од претходните сезони во Монца и Бреша.

Најдобриот голгетерски учинок Балотели го имаше во сезоната 2017/2018, кога во дресот на Ница тресеше мрежи низ цела Франција, застанувајќи на 18 постигнати голови ,10 помалку од моментално во Турција, па со право се наметнува прашањето дали ќе го надмине личниот рекорд оваа сезона.

За негова несреќа,  тој не заостанува со жолтите картони. Веќе седум пати беше опоменет, само четири помалку отколку во сезоната 2013/2014 во Милан, кога 11 пати беше ставен во главниот судиски бележник.

https://twitter.com/i/status/1475151056157949956