Аргентинската ѕвезда Лионел Меси ќе се врати на „Камп Ноу“ ова лето. Тој и дефинитивно нема намера да остане во ПСЖ, а каталонскиот гигант успеа да му даде задоволителна понуда за да го врати по две години во Париз.
Меси се согласил да потпише договор до 2025 година (1+1 година), а сето ова ќе се официјализира на 24 јуни, на неговиот 36. роденден.
Планот е Лео Меси да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“.
https://twitter.com/ManagingBarca/status/1654018884205432834?s=20