Ерлинг Халанд ги постигна третиот и четвртиот гол на Борусија во високата победа од 5-1 над Фрајбург, со што тимот на Дортмунд се доближи до Баерн на само три бода, иако со натпревар повеќе. Ова се негови први голови во 2022 година, а на ниво на целата сезона го зголеми своето конто на 15 гола на 13 настапи во Бундеслигата и 21 на 18 натпревари во сите натпреварувања.

По натпреварот, Халанд пред камерите откри дека е незадоволен од однесувањето на својот клуб, што го притиска што поскоро да одлучи во кој клуб сака да игра по оваа сезона. Борусија на лето ќе го продаде 21-годишниот Норвежанец, а како негови нови дестинации се споменуваат Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити.

https://twitter.com/ViaplayFotball/status/1482114986654801923?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482114986654801923%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fhaland-samo-zelim-igrati-nogomet-a-zbog-borussije-to-ne-mogu%2F2332640.aspx

„Во изминатите шест месеци не сакав да зборувам за иднината од почит кон клубот, но клубот почна да ме притиска да донесам одлука. Јас само сакам да играм фудбал, но тие ме притискаат да донесам одлука за иднината. Тоа значи дека наскоро ќе треба да одлучам“, рече тој.

Морам да го прифатам тоа.Не ја сакам таа средба, само сакам да се фокусирам на фудбалот бидејќи тоа е она што најдобро го правам, а не кога други работи ми се на ум, туку тие ме притискаа веќе некое време. Не би сакал да донесам одлука сега бидејќи сме „среде тежок период со многу натпревари. Јас само сакам да играм фудбал, а во моментов не можам да го направам тоа“, изјави Халанд.