Перишиќ на „Вајт Харт Лејн“ ќе дојде бесплатно зашто му заврши договорот со Интер, но „нераѕурите“ не сакаа да му дадат повеќе пари, па Јувентус до неодамна беше прв фаворит, потоа во трката се вклучија и Челси и Њукасл со богати понуди, ама по сѐ изгледа најпривлечна е понудата од Антонио Конте.
Хрватот со Тотнем ќе потпише двегодишен договор и повторно ќе соработува со Конте, кој му беше тренер во Интер во минатата сезона кога миланскиот великан ја освои својата прва шампионска титула по 11 години пауза.
Сезонава Интер до последно коло се бореше за „скудетото“, но ја загуби трката од градскиот ривал Милан, а го освои Купот на Италија и Перишиќ беше еден од клучните фудбалери во оваа сезона на Симоне Инѕаги.