Милан вечерва загуби од Специја со 1-2, но посебно ќе се расправа за една одлука на судијата. Во втората минута од судиското продолжение, непосредно пред Милан да го прими голот, при резултат 1-1, Месијас погоди, но судијата претходно реши да досуди прекршок на Ребиќ.

Топката неколку секунди по фаулот заврши кај Месијас, кој погоди за потенцијални 2-1. Фудбалерите на Милан го опколија судијата, а навивачите „грмат“ на социјалните мрежи и тоа со добра причина. На крајот, Милан дури  и го загуби натпреварот.

https://twitter.com/joekalunga25/status/1483198870372900866?s=20