Во миланското дерби Интер го доби дуелот против Милан со 3-0, и го освои Суперкупот на Италија што се играше на „Кинг Фахд“ стадионот во Таиф, Саудиска Арабија.
Бранителот на трофејот подобро се снајде во специфичните услови во Саудиска Арабија и набрзина од десеттата до 21-та минута поведе со 2:0.
Тимот на Симоне Инзаги беше подобар и заслужено го освои трофејот.
Федерико Димарко во десеттата минута го отвори резултатот, а Един Џеко во 21.минута зголеми на 2-0.
Третиот гол беше дело на Лаутаро Мартинез во 77.минута. Милан не успеа да стори ништо повеќе на овој дуел и јасно е дека составот на Стефано Пиоли влегува во криза.