Англискиот вицепрвак Ливерпул се договори со Бенфика за трансферот на извонредниот напаѓач Дарвин Нуњез. Уругваецот пропушти еден меч за Уругвај за да ги финализира сите детали околу трансферот на „Енфилд Роуд“.

Тој ќе потпише петгодишен договор и треба да биде замена за Садио Мане кој најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен.

Британците на португалскиот клуб ќе му платат 80 милиони евра, а дополнително 20 милиони евра се врзани со бонуси, кои ќе бидат префрлени на сметката на Бенфика во зависност од успесите на Дарвин Нуњез со тимот на Ливерпул наредните години.