Фудбалерите на Ирска дури од третиот обид дојдоа до првата победа во годишното издание од Лигата на нации, откако на домашен терен буквално го прегазија големиот островски ривал Шкотска со 3-0.

Ирците, кои ги загубија воведните два меча, веќе по половина час игра постигнаа два гола и тоа преку Алан Браун и Трој Перот, додека конечниот резултат го постигна Мајкл Обафеми во 51. минута.

 

На останатите досега завршени средби од ЛН, Фарски острови беа подобри од Литванија (2-1), додека Украина во полскиот град Лоѓ беше убедлива против Ерменија (3-0).