Барселона го одигра шестиот последовен натпревар без пораз во сите натпреварувања, но нерешениот резултат на гостувањето кај Гранада не го задоволува тренерот Чави Хернандез. Неговиот тим водеше до 89. минута, кога прими гол и не успеа да се искачи меѓу првите три тима на табелата во Ла Лига.

„Истото се случи и против Осасуна во Памплона. Треба да знаеме да се браниме, да ја контролираме топката и да бидеме трпеливи. Направивме премногу индивидуални грешки и многу е важно е да бидеме самокритични. Вистината е дека загубивме два исклучително важни бода. Задоволен сум што Лук де Јонг повторно постигна гол, но лут сум за резултатот“, изјави Чави Хернандез.

Барселона загуби шест бода оваа сезона поради голови што ги прими по 85. минута од натпреварите. Во следното коло тимот ќе се сретне со Рајо Ваљекано