Веднаш по официјализирањето на преминот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, веднаш се појавија шпекулациите дека ќе си го врати и својот број на дресот (седум), сепак тоа веројатно нема да биде така.
Правилата во Премиер лигата се строги, и според нив доколку во тековната сезона еден играч е пријавен за настап со еден број, истиот не може да се промени во истата сезона.
Единствен начин Роналдо да го облече бројот со број 7 е моменталниот сопственик на седумката Кавани да замине од клубот.
Во моментов Роналдо ќе мора да направи избор од слободните броеви а тоа се: 12, 15, 24, 30, 31, 33 и 35.
До сега Роналдо освен седумката го има носено бројот 28 во Спортинг, и бројот 9 во Реал Мадрид (тогаш Раул го носеше бројот 7 пред да направи трасфер во Шалке04).