Тоа ќе биде нов историски натпревар за нашата селекција на стадионот „Драгао“ во Порто. Ѕвездата на Манчестер јунајтед преку „Инстаграм“ се огласи по победата над Турција и најави дека Португалија треба да го почитува следниот противник (Македонија).
„Го направивме првиот чекор кон нашата голема цел, пласман на Светското првенство 2022. Не сме направиле уште ништо. Мораме да продолжиме да работиме напорно и да останеме фокусирани, да го почитуваме ривалот, но секогаш да веруваме во нашите квалитети. Ајде Португалија! Одиме кон Катар!“, напиша Роналдо.