Eкипата на Интер одигра моќен натпревар и триумфираше на гостувањето кај актуелниот италијански шампион Наполи со убедливи 3-0 во 14. коло од Серија А.
Интер уште во 13. минута погоди преку Турам, но голот беше поништен поради офсајд, по што Чахланоглу во финишот на првото полувреме ја „скина“ мрежата на Наполи.
Барела во 62. минута постигна погодок за водство од 2-0 на Интер, додека третиот гол беше дело на Маркус Турам.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на натпреварот и остана на теренот до 75. минута.
Интер со овој триумф има 35 бода и е на лидерската позиција пред Јувентус, кој собра 33 бода. Наполи е петти со 24 бода и тешко дека до крајот ќе биде конкурентен за титулата.