Барселона ја имаше главната улога во првото полувреме и напаѓаше кон голот на гостите од Мадрид, а голот за победа го постигна Феликс во 28. минута.
Во вториот дел Атлетико почна да се буди и понуди повозбудлив фудбал, меѓутоа Барселона успешно ја чуваше предноста и ги освои бодовите.
Португалецот успеа да донесе водство за Барселона во 28.минута, на асистенција на Рафиња.
До крајот на првиот дел, Рафиња и Левандовски имаа убави шанси да го удвојат водството, а Жоао Феликс во 43.минута уште еднаш се најде во голема можност за погодок.
Во второто полувреме, Алваро Мората и Мемфис Депај се обидоа да донесат израмнување, но не успеаја.
Одличен на голот беше Инаки Пења, кој успешно го замени повредениот Тер Штеген и имаше неколку фантастични интервенции во завршницата од мечот.
Барселона е трета на табелата во Ла Лига со 34 бодови, односно четири помалку од Жирона и Реал Мадрид.