За Сепси ова е прв пехар во историјата на клубот основан пред само 11 години, во 2011 година, а со освојувањето на Купот, овој романски клуб си обезбеди и излез во Европа во летните квалификации.
Мариуш Стефанеску е херојот на Сепси, кој ги даде двата гола во 16 минути во првиот дел, откако прво погоди во 22-та, а потоа ја дуплираше предноста во 38-та минута, па Волунтари дури во последната минута од судиското надополнување успеа да даде само почесен гол и тоа со автогол на Андрес Думитреску.
Ашковски ланското лето дојде во Сепси од Ботошани после две години во овој клуб, а претходно играше за Славија Софија, Фортуна Ситард, Горник Лежна, Ерчиеспор, Партизан, Нови Пазар, Напредак Крушевац, Доњи Срем, Телеоптик, Стромгосет и Шкендија, а инаку е дете на Вардар.