Евертон направи голем пресврт и го совлада Кристал Палас со 3-2, а со триумфот обезбеди и опстанок во Премиер – лигата. Тимот на Френк Лампард имаше негатива од 0-2, но со три гола во второто полувреме стигна до 39 бода, четири повеќе од Барнли и Лидс, во пресрет на последното коло од англискиот шампионат.
Матета и Ајев донесоа грижи за домашниот тим и водство од 0-2 за Кристал Палас, а потоа Мајкл Кин намали, Ришарлисон успеа да израмни, а Доминик Калверт – Луин погоди во 85.минута за конечен пресврт.
Челси одигра 1-1 на „Стемфорд бриџ“ против Лестер. Медисон го отвори резултатот, а израмни Маркос Алонсо во 34.минута.
Астон Вила и Барнли ремизираа 1-1. Барнли со овој бод стигна до 35, идентично како и Лидс, а во битката за опстанок во последното коло ќе го пречека Њукасл.