Челзи оствари победа (1-3) на гости кај последнопласираниот Норич и покажа дека санкциите кон клубот не успеака да го дестабилизираат тимот барем на овој натпревар.
Тимот на Томас Тухел поведе брзо со 0-2, со головите на Шалоба и на Маунт, а Норич намали од пенал преку Пуки во 69.минута. Сепак, Каи Хаверц ги разреши дилемите во финишот со трет гол во мрежата на домаќинот.