Килијан Мбапе одамна се претплати на насловите на светските медиуми. На нив француската ѕвезда главно го наоѓа својот простор поради фудбалските вештини, но овојпат неговиот приватен живот е топ тема во медиумскиот простор.
Како што пренесуваат бројни странски медиуми, меѓу кои и Marca и Corriere dello Sport, напаѓачот на ПСЖ има нова љубов, а се вика Инес Рау.
По раскинувањето со актерката Ема Смет, Мбапе наводно е во врска со модел на Плејбој, гласина која ја наведоа странските новинари.
„Тие беа во врска неколку месеци, а првпат беа видени минатиот мај за време на Канскиот филмски фестивал. Последователно беше „фатен“ како се шегува со Инес на јахта, ја крева и потоа двајцата безгрижно се смеат. Но, и покрај фотографиите, тие двајцата сè уште не ги коментирале озборувањата“, пишува Corriere dello Sport.
Инес Рау е позната како првата трансродова манекенка која се појавила на насловната страница на Плејбој. Тоа се случи во 2017 година. Да напоменеме и дека Инес на 16 години направи операција за промена на полот, но дури на 24 години јавно ја откри својата приказна. Во 2018 година објави дури и автобиографска книга со наслов „Жена“.