Централниот бек на француски Рен, Најеф Агерд од денеска е нов фудбалер на англискиот премиерлигаш  Вест Хем.

Лондончани го договорија трансферот на 26-годишниот марокански репрезентативец, а висината на трансферот е околу 30 милиони фунти. Играчот потпиша 5-годишен договор.

Пред Рен, Агерд играше за Дижон, а во последната сезона беше едно од најзабележителните имиња во француската Лига 1.