Барселона продолжи со добрите резултати во шпанската Ла Лига, па така славеше против Елче со 2-1 на гостински терен и освои нови три бода кои го однесоа каталонскиот гигант на третата позиција во првенството.
Фидел ги шокираше Каталонците во 44. минута од мечот, кога му донесе водство на Елче од 1-0, но Феран Торес во 61. минута ја врати Барселона во игра откако израмни на 1-1.
Каталонскиот гигант го зголеми притисокот кон голот на домаќините, а тоа резултираше со пенал во 84. минута, кој без проблеми го релизираше Мемфис Депај за нови три бода на Барселона.Во финишот на мечот Адама Траоре се прошета низ противничката одбрана, беше фаулиран во шеснаесетникот но судијата остана нем.
Барселона има 48 бодови на третата позиција во шпанскиот шампионат, додека пред неа се Севилја со 55 и Реал Мадрид со 63