Грчкиот тим Олимпијакос со 3-2 славеше над Фенербахче во првата четвртфинална пресметка од Конференциската лига, немаше голови на дуелот меѓу Викторија Плзен и Фиорентина.

Олимпијакос победи, но не треба да е задоволен од конечниот резултат, имаше водство од 3-0, а на крајот со само еден гол предност ќе патува во Турција.

Резултатот беше отворен уште во осмата минута кога Фортунис погоди за водство од 1-0, а предноста на Олимпијакос ја зголеми црногорскиот интернационалец Јоветиќ во 32. минута. Со тој резултат се замина на одморот.

Чикуињо зголеми на 3-0. Дури по оваа голема негатива Фенербахче се разбуди и заигра подобро.

Тадиќ од пенал во 68. минута намали на 3-1, а конечните 3-2 ги постави Кахвечи во 74. минута.

Мрежите мируваа на мечот меѓу Викторија Плзен и Фиорентина.