Германскиот овосезонски хит, Баер Леверкузен успеа дури во самиот финиш да го скрши отпорот нажилавиот Вест Хем Јунајтед и извојува сигурна победа од 2-0. Германците доминираа во текот на целиот натпревар и во повеќе ситуации беа многу блиску до постигнување гол. Но во последните десет минути во самиот финиш,  резервистите Хофман и Бонифејс го совладаа вечерва фантастичниот голман Фабиански за победа на Баер од 2-0.

Тимот на Бенфика одигра одличен натпревар пред својата публика во Лисабон и со минимална преднодт од еден гол ќе патува на реваншот во Франција. Португалскиот гигант победи со 2-1 во првиот дуел со Олимпик Марсеј, а головите за домаќинот на „Да Луж“ ги постигнаа Рафа Силва и ветеранот Анхел Ди Марија, додека Обамејанг беше стрелец за Олимпик Марсеј.

Возвратните натпревари се играат следниот четврток.