Денеска од 18 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за третиот циклус од Лигата на нации, а фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа во вториот шешир на дивизијата Ц.
Ова натпреварување е важно поради потенцијалниот бараж за одење на ЕП во 2024 година, а во него Македонија за првпат ќе биде во „Лигата Б“.
Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со селекциите на Грција , Белорусија и Луксембург. Потенцијални ривали за избраниците на селекторот Благоја Милевски се:
Прв шешир: Турција, Словачка, Бугарија и С.Ирска
Трет шешир: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Четврти шешир: Казахстан/Молдавија, Кипар/Естонија, Гибралтар, Фарски Острови
Поради Светското првенство во Катар, Лигата на нации ќе се игра „брзо“ – првите четири кола во јуни, а петтото и шестото во септември.
Во последното издание на Лигата на нации бевме втори во групата Ц и на последниот натпревар имавме шанса со победа над Ерменија да одиме ранг погоре , а трофејот во Лигата на нации ќе го брани Франција.