Рајо Ваљекањо успеа да се пласира во 16/финалето од Шпанскиот кралски куп. Победи со 1:3 protiv Берганитос. Столе Димитриевски одмараше на овој меч а на голот застана Лука Зидан, синот на Зинедин Зидан.
Многу поинтересно беше на мечот Андраткс : Севиља каде Андалузијците по изведувањето пенали го совладаа четвртолигашот Андраткс со 6:5. По 90 минути натпреварот заврши 1:1.
Одлуката падна во седмата серија, а домаќините промашија вкупно два, а гостите еден пенал.