Големото европско дерби меѓу Холандија и Германија во Лигата на нации донесе атрактивен и напаѓачки фудбал, постигнати се четири гола и уште најмалку толку шанси за голови.
Новиот стопер на Јунајтед ја предаде топката на противникот и Германија успеа да израмни преку Ундав, а потоа да постигне и втор гол преку Кимих за 1:2. Во вториот дел, Холандија исто така беше ефикасна на стартот и преку Думфрис израмни на 2:2, а ова се покажа како последен гол на оваа средба.
Англија забележа нова победа во Лигата на нации, а во главна улога беше славеникот Хари Кејн, кој со два гола (2-0) го заокружи 100. јубилеен настап во националниот дрес.
Тој е само десетти англиски фудбалер со вакво достигнување, а головите за триумф на Англичаните на овој меч ги постигна во 57. и во 76.минута.
Унгарија и БиХ одиграа меч без голови, а Грузија ја победи Албанија на гости со 0-1. Чешка беше подобра од Украина и славеше со 3-2.
Головите од мечот во Амстердам погледнете ги ТУКА
Погодоците на Кејн погледнете ги ТУКА