Фудбалската репрезентација на Чиле е далеку од деновите кога се бореше за приматот најдобар тим во Јужна Америка, а најдобар доказ се квалификациите за Светското првенство во кои оваа селекција има само една победа, две реми средби и дури пет порази.
Чилеанскиот ветеран не покажа класа во оваа ситуација и не го испочитува фудбалскиот фер-плеј, па за тоа брзо доби сериозни забелешки од ривалите на теренот.
Варгас не сакаше да ги слуша поплаките и ги игнорираше противничките фудбалери, но кармата брзо ги стигна него и неговите соиграчи, бидејќи Боливија постигна втор гол пред крајот на првиот дел, кој на крајот се покажа како клучен за победа.
По оваа контроверзна ситуација, голманот на Боливија не можеше да го продолжи мечот и излезе од игра, а стрелец на голот за победа беше Мигуелито.