Македонскиот фудбалски интернационалец Енис Фазлагиќ има нов клуб, тоа е Висла Краков. Од Жилина, играчот од средниот ред се сели во еден од најпознатите полски клубови, со кој потпиша договор до 2026-та година. Клубот на своите социјални мрежи објави интересно видео при запишувањето на Фазлагиќ како нов играч на клубот.

Човекот од тимот имаше потешкотии да го изговори неговото презиме. Секако, ова е само шега, бидејќи над видеото пораката беше: Запомнете го ова име!.


Висла Краков очекува многу од 21 годишниот играч за врска, кој ги мина сите младински категории на македонската репрезентација, а секако се уште е член на селекцијата за играчи до 21 година.

Фазлагиќ е роден во Велес, играше за Шкендија, од каде направи трансфер во Жилина.