Ељиф Елмас е “човек за секаква работа” на Лучијано Спалети во тековната сезона. Наполи се бори за највисок пласман во Серија А, каде моментално има три бода помалку од лидерот Милан.
Македонскиот репрезентативец игра солидна сезона. Во еден статистички податок е единствен меѓу соиграчите, а за тоа пишува „Кориере дел Мезиџорно“. 22-годишниот офанзивец е единствен член на „наполитанците“ кој доби минутажа на сите 37 меча во тековната сезона. Тоа ја потврдува довербата која ја ужива кај тренерот и колку неговото присуство на теренот влијае врз играта на својата екипа.
Во италијанскиот шампионат, Елмас има постигнато два гола, против Наполи и Венеција. Исто така запиша и четири асистенции, против Лацио, Салернитана и Болоња во два наврати.