Босанската ѕвезда Един Џеко нема иднина повеќе во Интер, откако ќе се врати Ромелу Лукаку, зашто е во втор план кај тренерот Симоне Инѕаги и веќе е извесно негово заминување, најавуваат италијанските медиуми, а две опции на маса има Босанецот во овој момент.
Според информациите, првата опција е да се врати во англиската Премиерлига и да потпише за Вест Хем, кој е силно заинтересиран за напаѓачот, а втората е да оди во шпанската Ла Лига и да ја засили Валенсија.
И за двата клуба кои се заинтересирани, единствен услов од Џеко е да му дадат двегодишен договор. Босанецот има 344 гола во кариерата, беше најдобар стрелец во Италија и Германија а освојуваше титули во Бундеслигата, Премиерлигата и Серија А.
Во минатата сезона имаше 17 гола и 10 асистенции за „нераѕурите“ во сите натпреварувања, но сега предност кај Инѕаги ќе има Жоакин Кореа.