Чави ќе ги прозива фудбалерите во тренинг центарот за точно девет дена, а за тој период, очекувано е списокот на фудбалери да се скрати најмалку за двајца.
„Лекип“ информира дека Самуел Умтити и дефинитивно става крај на фудбалската голгота во Барселона и ќе режира трансфер во наредните неколку дена, бидејќи самостојно решил дека тешките повреди го оставија без шанса да се бори за реална прилика од Чави. Умтити е подготвен да замине после шест години во секакви услови, а „Лекип“ јавува дека Французинот има понуди од Лига 1 во родната земја и од Серија А.
Во наредните неколку дена се очекува конкретизирање на неговиот статус и прифаќање на најпримамливата понуда, по што и официјално ќе стави крај на својата етапа во Барса која започна на извонреден начин, но заврши доста лошо како резултат на повредите.
Умтити не е единствениот на листата играчи кои се прецртани од Чави, па до 4-ти јули шанса за пронаоѓање нов клуб има и Рики Пуиг кој прифатил дека најдобро за него ќе биде да се испроба во нова средина.