Раководството на ПСЖ реши да му го продолжи договорот на Лионел Меси, а условите кои ќе му ги понудат не би можел Аргентинецот да ги одбие.
Шпанска „Марка“ објави дека Меси има договор до крајот на сезоната, според кој заработува по 30 милиони евра, додека според новиот ќе заработува многу повеќе.
„Се очекува Меси да го продолжи договорот до јуни 2025 година, а притоа ќе стави потпис на соработка која му обезбедува поголема плата. Меси ќе добие договор кој не може да се одбие“, пишува шпанскиот медиум.
Меси е член на францускиот шампион од 2021 година, а притоа за „светците“ одигра 53 меча и постигна 23 гола.