Аталанта со пресврт ја совлада најслабата екипа во калчото Салернитана со 1-2 (1-0), во рамките на 35. коло на Серија А. Средбата на „Ареки“ понуди три голови, на полувреме водеше домашниот тим, а потоа гостинот од Бергамо режираше целосен пресврт.

 

 

Резултатот беше го отвори со гол Салернитана во 18. минута, а стрелец беше Лум Чауна. Офанзивецот беше проигран од Вињато и донесе предност и одушевување за навивачите на трибините кои беа добро расположени и покрај тоа што тимот е веќе второлигаш.

Гасперини на полувремето направи неколку измени со кои го смени текот на мечот. Шарл Де Кетеларе и Теун Копмајнерс го освежија креативниот дел од тимот. Израмнувачкиот гол беше дело на Џанлука Скамака, кој по асистенција со глава од Пашалиќ погоди за 1-1 во 57. минута. Вториот гол во мрежата на домашниот тим беше дело на Копмајнерс, откако испрати перфектен удар од околу 20 метри во мрежата во 63. минута. До крајот на средбата следеа доста измени, темпото на игра опадна, а Салернитана можеше да стигне и до реми, меѓутоа најзрелата шанса не ја искористи стрелецот на голот Чауна.

Со оваа победа Аталанта ја прескокна Рома на петтото место кое исто така води во проширената Лига на шампиони. Тимот од Бергамо дојде на 60 бода, колку што има и „волчицата“, ама има и натпревар помалку.