Полуфиналната серија во ВТБ лигата меѓу Уникс и Локомотив Кубан е реприза на минатогодишното финале. Бранителот на титулата беше подобар во целиот дуел, имаше и двоцифрена предност, но на крајот извојува тесна победа.
Димитријевиќ беше најдобар во клучните моменти, кога се решаваше мечот, иако ова не беше една од неговите најдобри партии. Тој погоди четири од четири слободни фрлања во последните 30 секунди од мечот.
Нено имаше шут 3 од 10 за два и 1 од 9 за три поени. Мечот го заврши со 16 поени, повеќе од него имаше само Грин кој реализираше 19. Димитријевиќ имаше и два скока, шест асистенции и три украдени топки.
Вториот меч од серијата се игра на 8. мај, повторно на теренот на Уникс. Место во финалето ќе обезбеди првиот кој ќе стигне до четири победи.