Фудбалерите на Лил и Лион го одиграа дербито на колото во француската Лига 1 и тоа ги оправда очекувањата, заврши со триумф од 3-4 на „лавовите“ и тоа во завршница за инфаркт.
Неверојатен натпревар одиграа двата ривали, а посебно беше возбудлив на крајот. Стартот не најавуваше такво нешто, затоа што Лил по првиот дел имаше предност од 2-0 со головите на Диаките и Жергова.
Бенрахма и Фофана во 66. и 82. минута погодија за Лион и израмнија на 2-2, меѓутоа Диаките во 85. минута ја врати предноста за домашните. И кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши со триумф на „догите“, Лаказет и Балде во 88. и 92. минута го израдуваа Лион.
Лил е четврти во Лига 1 со 55 бода, додека Лион со трите бода скокна на седмото место со 47 бода.