Првиот натпревар без голови на Светското првенство во Катар го одиграа Данска и Тунис во рамки на првото коло во групата Д, иако двете селекции имаа по неколку шанси за погодок.
Тунис за момент се израдува во 24. минута кога Исам постигна гол за водство, но истиот беше оправдано поништен поради офсајд, по што истиот фудбалер уште еднаш сериозно се закани во финишот на првото полувреме, но овој пат Каспер Шмајхел му го одбрани ударот и ја зачува мрежата на Данска.
Андреас Корнелиус можеше да постигне гол за водство на Данска, но сепак ја погоди стативата, по што во завршницата од мечот мораше да интервенира и ВАР-технологијата поради една сомнителна ситуација во казнениот простор на Тунис, но сепак реши дека нема пенал, по што не се случи ништо конкретно до последниот судиски свиреж.
Во групата Д се наоѓаат уште и репрезентациите на Франција и Австралија.