Во големото дерби на англискиот фудбал на Енфилд, Ливерпул по првото полувреме со убедлив настап против многу слабиот Манчестер Јунајтед. Головите за „црвените“ ги постигнаа Дијаз во 5. минута и Салах во 22. Двата гола се прекрасни, двете акции се импресивни, но оваа е можеби најубавата што сме ја виделе оваа сезона.
Двојно додавање на Дијаз и Матип, топка до Мане и нереална асистенција на Сенегалецот за Салах, кој од непосредна близина погоди за 2:0.