Само нешто повеќе од една година е член на Интер Мајами, а Лионел Меси веќе стана најдобар стрелец во историјата на франшизата.

Во овој период одигра само 36 меча во сите натпреварувања, но и тие му беа доволни да стигна до 33 гола и да го помине Леонардо Кампања кој досега беше на првото место со 32. Оваа сезона Меси забележа 22 настапа во сите натпреварувања и на нив постигна 22 гола.

Со вкупно 36 одиграни натпревари, Меси не е ни во топ-10 играчи по бројот на настапи за Интер Мајами и му требаат уште 13 за да стигне до десеттото место. Наскоро се очекува да стане и прв асистент во историјата на франшизата од Флорида бидејќи му треба уште едно додавање за да го стигне рекордерот Роберт Тејлор.

Треба да се знае дека Интер Мајами постои од 2018 година и ова е негова шеста сезона во МЛС, а пред доаѓањето на Меси немаше никакви забележителни резултати и беше еден од најлошите тимови во американската лига. Колку значи Аргентинецот за екипата, најдобро докажува тоа што оваа сезона Интер Мајами постави рекорд во МЛС по бројот на освоени бодови во основниот дел – 74.