Италијанскиот тенисер, Јаник Синер по освоениот трофеј во Шангај триумфира и на турнирот во Саудиска Арабија каде што во финалето за два часа и 21 минута го совлада Карлос Алкараз.

Битката за наградата од шест милиони долари започна изедначено, па првиот сет се решаваше во тај-брејк каде што Алкараз успеа да го добие сетот за 0-1.

Но, тука шпанскиот ас како да застана, а Италијанецот ја презеде контролата над играта. Во следните два сета Синер му дозволи на Алкараз само по три гема за конечен триумф.

Турнирот во Ријад не носеше бодови на АТП листата бидејќи стануваше збор за неофицијален турнир, но тенисерите добија по 1.5 милион долари само за учеството, додека Синер како победник заработи дополнителни шест милиони долари.