Повредите отсекогаш биле и ќе бидат составен дел од спортот. Меѓутоа, понекогаш спортистите се повредуваат на крајно бизарен начин. Токму таква ситуација доживеа австралискиот тенисер Џон Милман на мечот со Американецот Жирона на турнирот во Акапулко.
Кога никој не очекуваше во обид да го смири топчето се погоди во окото. Набрзо се доближи до мрежата и им порача на судијата и на противникот дека не може да го продолжи натпреварот.
Австралиецот го напушти теренот со врзани очи.