Кошаркарската репрезентација на Македонија отпатува за Грузија, каде ќе ја продолжи својата битка за следна фаза во квалификациите за Светкото првенство во 2023 година. Македонската делегација видно ослабена ќе му се спротистави на домаќинот во Тбилиси, а меѓу повредените кои што останаа во Скопје е и младиот Ненад Димитријевиќ.

Плејмејкерот на Валенсија се надева дека ќе биде подготвен за настап на натпреварот домашниот натпревар со Грузија.

„Сезонава имам повеќе проблеми со повредите и затоа одиграв помал број натпревари и за Валенсија. Но, кога веќе дојдов тука ќе го дадам максимумот за да бидам подготвен за вториот натпревар со Грузија. Овие два натпревари се многу важни за нас, особено тој во Скопје. Треба да го одбраниме домашниот терен и да продолжиме да работиме за следните натпревари со Украина.

Во професионалната кошарка нема млади и стари играчи, има само добри и лоши. Не чувствувам никаков притисок кога го носам националниот дрес, среќен сум што ме сметаат за лидер на оваа генерација“, рече Димитријевиќ.

 

Покрај него во Скопје останаа уште неколку стандарди првотимци, како и селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на ковид-19.