Кошаркарите на Далас Маверикс го победија Лос Анџелес Клиперс со 112:104 по продолжението одиграно во средата навечер во Стејплс Центарот. Кристапс Порзингис и Лука Дончиќ беа лидери кај Далас.

За еден момент од средбата се зборува по натпреварот а тоа е како Дончиќ заработи техничка грешка при постигнување на два поени. Во една од акциите, словенечкиот кошаркар лесно го заврши нападот против Теранс Ман, а потоа му кажа дека е „премал“ за да го чува. На видеото се гледаат и пцовките кои претходеле.

Неговите зборови ги слушнаа судиите на натпреварот, па Дончиќ беше казнет со техничка грешка.