Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе игра полуфинале на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Скопје, а веќе е познат ривалот со кој нашиот национален тим ќе игра за место во финалето и во А-дивизијата.
Тоа е репрезентацијата на Бугарија, која во полуфиналниот натпревар ја надигра Швајцарија (78-84) и обезбеди место меѓу четирите најдобри. Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Терминот на мечот е во сабота од 18:30 часот. Победникот од овој меч ќе игра за титулата, но ќе обезбеди и сигурно место во елитната А дивизија заедно со вториот финалист кој ќе се одлучи по натпреварот меѓу Полска и Австрија.