Кошаркарите на Фенербахче со двоцифрена разлика ја совладаа Барселона во Истанбул со 88-74, во натпревар од 30. коло на Евролигата. Турскиот тим одигра перфектна партија, главно предноста ја создаде во првото полувреме и потоа успеа да ја сочува до крајот. Барса имаше налет во третиот период, тргна фуриозно меѓутоа Фенербахче не дозволи кам-бек на гостинот од Шпанија. Со по 18 поени најдобри партии пружија Бризуела од Барселона и Вилбекин во победничкиот табор кај турскиот гигант.
.
Гостинско победа оствари и тимот на Олимпија Милано против Монако со 80-98. „Кнезовите“ капитулираа по осум последователни победи во европската елита, што дополнително ја подгрева трката за високите позиции.
Во моментов по апсолутниот лидер Реал следи Барселона со скор 20-10, додека на 19-11 се Панатинаикос, Фенербахче и Монако, а со 18 победи и 12 порази е Олимпијакос.