Младата македонска репрезентација ја забележа втората победа во квалификациите, го совладавме аутсајдерот Гибралтар со минимален резултат со голот на Абази во второто полувреме.
Фудбалерите на Канатларовски добро се испотија за да дојдат до трите бода на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Во првото полувреме мрежите мируваа, Македонија имаше закани преку Лука Станковски и Абази, но не успеавме да постигнеме гол.
Работите се променија во вториот дел кога бевме значително подоминантни отколку во првите 45 минути.
По само седум минути игра во второто полувреме, Абази постигна гол со глава по едно нафрлување од корнер, Македонија поведе со 1-0. Тоа беше и конечниот резултат.
Во следниот натпревар повторно сме домаќини, на 26. март ја пречекуваме селекцијата на Шведска, и тој дуел се игра на Арената „Тодор Проески“.