Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска беше елиминирана од Италијанката Дебора Кјеза во осминафиналето на турнирот во Аламинос, Ларнака откако го предаде мечот.
Ѓорческа го освои првиот сет со 6-2, но потоа се соочи со сериозни проблеми и го загуби следниот сет со 0-6, додека во третиот губеше со 0-3 кога одлучи да го предаде мечот.
Македонската тенисерка претходната недела настапи на уште еден турнир во Ларнака, каде што стигна до финалето.