Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн, но граничната полиција не му дозволи да влезе во земјата поради административни проблеми.

Првиот светски тенисер, кој е гласен противник на вакцинацијата, е изземен од строги епидемиолошки мерки, но не му е издадена виза при пристигнувањето бидејќи неговиот тим погрешно ги пополнил формуларите. Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот, чекајќи разрешница.

Потегот на австралиските власти да го изземат Ѓоковиќ од строги епидемиолошки мерки ги налути граѓаните на Мелбурн кои за телевизијата Блумберг го кажаа својот став за српскиот тенисер.

“Срамота е. Сите ја направивме вистинската работа и се вакциниравме и сега доаѓа некој од другата страна на светот и за него тоа да не важи. Мислам дека е апсолутен срам”, рече една жена.

https://twitter.com/i/status/1478712119977811968

„Го поддржувам Австралија Опен и сето она што турнирот значи финансиски за нашиот град, но не се согласувам дека истите правила не важат за сите.

Една од најголемите австралиски рагби ѕвезди Кевин Бартлет на Твитер објави дека владата со овој потег ги направила будали Австралијците, а граѓаните  повикаа на бојкот на првиот Грен слем во сезоната.

Мислам дека е најдобро отворено да каже зошто го добил ослободувањето, бидејќи така најмногу ќе си помогне себеси“, коментираше поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер.