Поранешениот италијански репрезентативец Антонио Касано (39) итно бил пренесен во болница во Џенова поради компликации предизвикани од коронавирус.
Според локалните медиуми, поранешниот играч на Рома, Сампдорија, Бари, Интер, Милан, Верона и Реал Мадрид во средата бил примен во болницата Сан Мартино, а семејството на играчот потврдило дека тој не бил вакциниран.
Касано крајот на минатата и почетокот на оваа година ги помина во домашна изолација, а откако состојбата нагло му се влоши, беше префрлен во болница. Сопругата на Касано, Каролина Марсијалис, ја објави веста на социјалните мрежи.