Фудбалерите на Галатасарај во Истанбул во вистинска голеада го совладаа Елфсборг со 4-3. Турскиот гигант по првите 45 минути имаше убедлива предност од три гола разлика и изгледаше дека шведската екипа ќе доживее прав дебакл.
Мауро Икарди го отвори резултатот во 28. минута, а десет минути подоцна по ударот на Бардаџи голманот на Елфсборг си постигна автогол. Само пет минути подоцна Барис Јилмаз донесе убедлива предност од 3-0 за домаќините.
Неизвесноста во натпреварот се врати кога Никлас Хулт и Михаел Баидо со головите во 53. и 65. минута намалија на 3-2. Се играше 83. минута а Галатасарај со голот на Акгун го врати водството од два гола, додека Елфсборг со голот на Ларсон во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 4-3. Во последните моменти имаше и еден поништен гол на Батчуаи.
Големо изненадување приреди Бодо Глимт кој на гости ја совлада португалска Брага со 2-1. Сите голови на овој натпревар беа постигнати во вториот дел, Бодо поведе преку Хакон Евјен во 53. минута, а Нијакате во 64. го изедначи резултатот.
Три минути подоцна стрелецот на голот за Португалците заработи исклучување. Радост за Бодо донесе 19-гогидшниот Вилдс Нилсен кој одлично се снајде по еден корнер во 94. минута.