Полицијата во Манчестер го задржа во притвор играчот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд поради сериозни обвиненија за силување и злоупотреба на неговата девојка Хариет Робсон. Девојката на Инстаграм објави фотографии од своето крваво лице и модринки, обвинувајќи го за тоа Гринвуд, кој веднаш бил однесен на сослушување во полициска станица.
Полицијата денеска соопшти дека го задржала Гринвуд до среда за да добие повеќе време за испрашување, а портпаролот на полицијата изјавил дека на несреќната девојка и била понудена психолошка помош. Манчестер Јунајтед го суспендира Гринвуд, а ЕА Спортс објави дека напаѓачот е отстранет од сите производи на ФИФА.
Во соопштението се вели дека Гринвуд бил отстранет од активните тимови во ФИФА 22 и бил исклучен од пакетите ФИФА Ултимејт Тим и Ултимејт драфт. Исто така, Најк го раскина спонзорскиот договор со Гринвуд. Манчестер Јунајтед во неделата објави дека клубот „не одобрува насилство од кој било вид“ и е запознаен со наводите, но нема да дава дополнителни коментари додека „не се утврдат фактите“.