Роналдо Луис Назарио де Лима за многумина е најдобриот играч на сите времиња.
Двократниот светски шампион со Бразил, поранешен играч на Барса, Реал, Интер и Милан е еден од најголемите напаѓачи во историјата и особено е интересна неговата изјава за неговиот поранешен соиграч во бразилската репрезентација Ромарио.
Како многу млад, Роналдо беше дел од репрезентацијата која стана светски шампион во 1994 година, а главни во нападот беа Бебето и Ромарио.
Тие двајца беа моја инспирација, но Ромарио беше кучкин син затоа што не тераше нас помладите играчи да му ги исчистиме копачките или да му донесеме кафе“.
Три години подоцна Роналдо беше најдобриот играч на светот, а Ромарио се плашеше дека ќе го загуби местото во репрезентацијата, па се обиде да го пласира својот соиграч.
„Во пресрет на тренингот што му претходеше на натпревар на Копа Америка, Ромарио ми пријде и ми рече да се подготвам за излегување. „Спреми се, таксито ќе не чека на заднит влез од хотелот“, ми рече.
„Се вративме во хотелот во пет часот наутро, а следниот ден бев премногу уморен на тренинг. Сфатив дека Ромарио го направи тоа намерно за да го заземе моето место во првите 11“, изјави Роналдо.